ХЕРА: Отворен првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи

од Nikola Popovski
228 прегледи

Асоцијацијата за здравствена едукација го отвори првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи. Центарот ќе нуди бесплатни советувања кои ќе ги спроведуваат психотерапевти и психолози.

Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали на македонски и албански јазик. Центарот ќе биде отворен за советувања вторник, среда и четврток од 10:00ч. до 17:00ч. Термините треба да се закажат на следниов телефoнски број 070/299-026, или на email- [email protected], како и на Инстаграм профилот man.mind.skopje.

На прес конференцијата по повод отварањето на Центарот, програмската раководителка од ХЕРА, Весна Матевска истакна дека ваков тип на центри се неопходни во системот за што укажуваат и сите податоци и истражувања направени во изминатите неколку години. Родовата еднаквост се однесува на девојките и момчињата и на жените и мажите. Родовата еднаквост значи и поддршка и грижа за ментално и физичко здравје за момчињата и мажите. Молкот не е одговор кога момчињата немаат сила да се справат со предизвиците.

Токму на тоа укажуваат наодите од меѓународната ХБСЦ студијата посочуваат дека насилството меѓу момчињата во Македонија најчесто се случува во или меѓу групите врсници. Дури 24 % од момчињата (наспроти 8 % од девојчињата од паралелки на македонски наставен јазик), и 21 % од момчињата (наспроти 2% од девојчиња од паралелки на албански наставен јазик) учествувале во тепачки, два или повеќе пати во изминатите 12 месеци. Момчињата се далеку понасилни од девојчињата пред се поради отворената поддршка на таквото однесување, кое се доживува како начин на „машко“ растење, чија последица може да биде повредување на другите или самоповредување.

Дополнително, резултатите од неодамнешното истражување на Националниот младински совет, покажувааат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје. Податоците од ова истражување се поразителни – дури 58% од младите се борат со анксиозност, а 64% се чувствуваат депресивно.

Истражувањето пак на Реактор кажува дека мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства, како што се тешки напади и убиства, а кои ги вршат други мажи. Понатаму, мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство. Според истото истражување – младите момчиња и мажи, кои се соочуваат со анксиозност или депресија, чувствуваат страв за споделување на тоа што го мислат или чувствуваат, односно сметаат дека доколку ги споделат проблемите кои им го отежнуваат секојдневието, тоа би ги направило во очите на другите „слаби мажи”.

Матевска истакна дека ако ова се податоците кои ја опишуваат сликата за менталното здравје на момчињата и мажите кај нас, тогаш јасно е зашто ни е потребен ваков центар за поддршка. Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој при тоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може побараат решение за предизвиците и место во кое ќе може момчињата и мажите да добијат поддршка за емоционален раст и развој.

Психотерапевтите ќе работат по моделот на Австриското здружение Verein Für Männer- und Geschlech ter the men Steiermark, Austria, а со финансиска поддршка од Сојузното министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија.

На отварањето се обрати Кирил Тројачанец кој е психолог и експерт за стрес, кој укажа дека општествените очекувања ги притискаат момчињата од најмала возраст да не ги покажуваат своите емоции, што е причина за постојан стрес и ранливо ментално здравје. Тројачанец упати директна порака до момчињата дека молкотне е одговор кога се соочуваат со врсничко насилство.

Ленче Алексовска Величковска – спортскипсихолог, истакна дека очекувањата што тренерите, соиграчите и навивачите ги поставуваат врз спортистите од една страна може да послужат како мотивирачка сила, поттикнувајќи ги да го постигнат најдоброто од себе, меѓутоа кога очекувањата се преголеми, тие доведуваат до зголемен стрес и анксиозност и насилно однесување.

Слични содржини