Heritage Customs веќе подолго време најавува ограничена серија на новиот Defender во кабриолет верзија, а сега нивниот проект конечно е реализиран.
Засега е планирана серија од само пет примероци од моделот, кој Heritage Customs официјално го нарекува Valiance Convertible, а Defender 90 ќе се конвертира во Холандија.
Цените во Европа ќе стартуваат од 138.500 евра, а гамата ќе вклучува неколку комбинации на бои, тркала од 20 до 22 инчи, како и заштита од превртување, кожен ентериер, спортски седишта, специјални ознаки…
Нема механички модификации, што значи дека Valiance Convertible ги задржува техничките спецификации на возилото-донатор.