127
Во градот Херсон, на југот на Украина, обновено е снабдувањето со електрична енергија, изјави денеска претставникот на украинското претседателство, Кирило Тимошенко, пренесува Хина.
„Прво ја снабдуваме електричната енергија до клучната градска инфраструктура, а потоа веднаш до потрошувачите во домаќинствата“, информирал Тимошенко на Телеграм.
Градот беше без струја, парно греење и вода кога беше ослободен од украинските сили на 11 ноември. Руските сили го зазедоа Херсон кратко по инвазијата на Украина на 24 февруари.
Повлекувањето од Херсон означи значителна загуба за Москва, но украинските власти велат дека руските сили сè уште го гранатираат градот од другата страна на реката Днепар.
Фото: Wojciech Grzedzinski for The Washington Post