232
Самопрогласените Луганска и Доњецка народна република (ЛНР, ДНР) и Херсонската област, на југот на Украина, побараа итни референдуми за приклучување кон Русија, јавуваат руските медиуми.
Јавните комори на ЛНР и ДНР се обратија до лидерите на тие самопрогласени републики, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, со иницијатива за итно одржување референдуми за влез на ЛНР и ДНР во Русија, пренесува РИА Новости.
Во средината на февруари, самопрогласените ЛНР и ДНР побараа од Русија да ја признае нивната независност, а рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за тоа на 21 февруари.