Хезболах демантира: Нашите луѓе не се дел од руската инвазија

од Nikola Popovski
233 прегледи

Шефот на либанскиот Хезболах Саид Хасан Насрала денеска ги негираше тврдењата дека милитантната група испратила свои борци и експерти да се борат на страната на Русија во војната во Украина, јави либанската телевизија Ал Мајадин.

„Никој од Хезболах, ниту борец ниту експерт, не отиде на ова бојно поле, ниту на кое било друго бојно поле што постои“, рече Насрала.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин одобри распоредување на околу 16.000 доброволци од Блискиот Исток со борците кои ја поддржуваат Русија да се бори во Украина, потсетуваат агенциите.

Проиранскиот Хезболах и Русија се на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна во земјата.

Слични содржини