Хезболах потврди дека лидерот Хасан Насрала е убиен

од Milan1
35 прегледи

Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот лидер Саид Хасан Насрала е убиен и најави дека ќе продолжи да се бори против Израел.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, либанската телевизија Ал-Манар почна да емитува стихови од Куранот, пренесува „Ројтерс“.

Израелските одбранбени сили претходно денеска објавија дека лидерот на Хезболах Хасан Насрала е убиен во вчерашниот напад врз командниот центар на движењето во јужните предградија на Бејрут.

Слични содржини