Хигиеничарка тешко се повредила во државна институција

од desk2
11 прегледи

СВР Скопје соопшти дека В.П.(56) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека вчера околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Специјалната хируршка клиника „Свети Наум Охридски“. За настанот бил известен трудов инспектор.