Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, смета дека „Отворен Балкан“ е ефикасно средство за земјите од регионот да ги искористат своите граници за да ги зближат, а не да ги поделат и дека оваа иницијатива ќе му помогне на регионот да донесе решенија за некои прашања, а не проблеми.
„Она што е важно е дека идејата за „Отворен Балкан“ доаѓа од самиот Балкан, а не е наметната од некои странски влади. Навистина се работи за земјите од Балканот кои бараат начини за подобра соработка. Мислам дека тоа е многу ефикасна алатка земјите да ги користат границите за да ги зближат, а не да ги поделат, така што американската влада и јас го поддржуваме тоа“, рече Хил, пренесе Твитер профилот на амбасадата на САД на Србија.
Хил рече дека иницијативата им помага на земјите да постигнат договори кои се движат од намалување на метежот на границите до дозволување дипломи да бидат признаени во различни земји.
„Таа учи нови модели на соработка. Јасно е дека овие земји ќе влезат во ЕУ и мислам дека „Отворен Балкан“ ќе им помогне на земјите да донесат решенија за ЕУ, а не проблеми“, заклучи Хил.