Хил: „Отворен Балкан“ има потенцијал да привлече уште повеќе странски инвестиции

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Иницијативата „Отворен Балкан“ има потенцијал да го активира целокупниот економски потенцијал на овој регион и да привлече уште повеќе странски инвестиции, изјави американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во разговор со бизнисмени организиран од Американската стопанска комора во Србија.

„Србија стана клучна инвестициска дестинација во Европа. Американските компании имаат инвестирано повеќе од четири милијарди долари во Србија и вработуваат повеќе од 20.000 работници. Има голем потенцијал за понатамошен раст“, нагласи Хил.

Додаде дека е убеден во напорите на Комората да ги поддржува американските вредности, вклучително и создавање рамноправни услови за игра за сите бизниси, како и подобрување на транспарентноста, владеењето на правото, дигитализацијата, енергетската диверзификација и заштитата на животната средина.

Лазаревиќ и Хил ја поддржаа регионалната економска соработка преку иницијативи како што е „Отворен Балкан“, чија цел е намалување на бариерите за трговија и патување меѓу земјите во регионот, се вели во соопштението.

Лазаревиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува голема поддршка за процесот на пристапување во ЕУ, а Комората ќе се погрижи да биде конструктивен партнер и да помогне да се отстранат сите пречки.

Слични содржини