Хил за апсењето на Србите во Косово: Ќе оставам на другите да заклучат зошто токму сега

од Radmila Tasevska
959 прегледи

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека Соединетите Американски Држави не знаат многу детали за вчерашното апсење на тројца Срби од Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

– За нив е кажано дека се поврзани со злосторства што наводно се случиле пред триесет години. Ќе оставам на другите да заклучат зошто апсењата следеа веднаш по неуспешниот круг на дијалог во Брисел и за време на Генералното заседание на Обединетите нации, изјави американскиот амбасдор во Белград.

Хил рече дека верува оти ова може брзо да се реши и дека би сакал „повеќе да се зборува за соработка, а помалку за апсења“.

Тој посочи и дека САД не разбираат како забраната за увоз на стоки од Србија во Косово, која ја воведоа властите во Приштина, може да помогне за севкупната ситуација во односите меѓу Белград и Приштина.

Слични содржини