Од лондонските винарии не очекувајте никакво каберне, шардоне или совињо. Нивното вино се произведува така што сите одгледувачи ќе донесат корпа или две грозје од оние врсти кои им успеале на мал простор, влажна и ладна клима и градската загаденост. Од такво мешано грозје претпријатието кое работи по принцип на земјоделска задруга прави розе и пенливо вино.
Задругата ја сочинуваат 150 и 200 урбани винари кои лозите ги одгледуваат во дворови, стакленици или големи саксии. Некои се снашле па производството го префрлиле во напуштени супермаркети, а најголемата плантажа е сместена во едно железничко депо. Еден производител, новинар по професија, Том Стендејџ минатата година предал 21 килограм грозје, а оваа година благодарение на жешката и сува пролет успеал да предаде 31 килограм.
„Прв пат кога изгмечивме грозје добивме вино па изненадувачки не така лошо. Лично очекував грозна киселина. Од тогаш се увежбавме, а се е во паметното мешање на различен тип на грозје од различни дворови низ Лондон“, вели овој ентузијаст.
Виното веќе нашло пат до рестораните. Сопственикот на едно вино дури го ставил во менито кој се состои од традиционална британска кујна.