Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа, Ал Ахил која беше во функција, откако завршија залихите анестезија.
Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита му рекол на својот тим дека дошло време да ја напуштат последната функционална болница во градот Газа.
„Тоа беше ноќна мора – да оставам 500 повредени знаејќи дека не остана ништо повеќе од тоа со што би можел да им помогнеш, е една од најтешките работи што морав да ги направам“, изјави Абу Сита, еден ден откако ја напушти болницата и дојде во кампот за бегалци Нусеират.
„Не сме веќе во можност да извршуваме операции во болницата Ахли. Болницата од сега е станица за прва помош. Стотици ранети сега се во болница без пристап до операција. Тие ќе умрат од раните“, напиша Сита на својата сметка на социјалната мрежа „Икс“.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека од 16 ноември, само девет од 35-те болници во енклавата функционирале барем делумно. Болниците во Газа се преполни со пациенти, додека се борат со недостиг на залихи од почетокот на израелските напади што следеа по нападот на 7 октомври на палестинската милитантна група врз Израел.