Хисни Исмаили стана нов потпретседател на Собранието

од Nikola Popovski
144 прегледи

Хисни Исмаили од редовите на партијата Алтернатива е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија, во рамки на денешното продолжение на 71.седница. Тој беше избран со 62 гласови „за“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина продолжението на оваа седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени.

Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Претходно Државната комисија за спречување на корупција побара кривична одговорност за Исмаили.

Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

За овој случај се води преистражна постапка.