Хистерија во САД: Најголемиот џек пот во историјата од 800 милиони долари го чека својот среќник

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Џекпот од 800 милиони долари може да освои некој во САД оваа сабота. Тоа е најголемата добивка во историјата на земјата.

ResizedImage449309-USA-MegaMillions-ticket

Рекордот досега беше 656 милиони долари и ја држеше лотаријата “Мегамилиони”. Сегашната неверојатна сума пак се нуди од играта “Powerball”.

Ако денеска некој ја погоди добитната комбинација, среќникот може да избере да земе веднаш околу 428 милиони или целата сума да му бидат исплатени во текот на 29 години.

Пред пунктовите за продажба на билети има долги редици. Во северните држави границата ја преминуваат и многу Канаѓани, за да си ја пробаат среќата.