Неверојатно е што нема да направат за својата репрезентација. Често се случува навивачите на „гаучосите“ да бидат повеќе во центарот на вниманието од самите фудбалери, пред се поради нивниот начин на живот и сфаќањето на спортот како таков.
Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Катар. Овој факт доведе до, фигуративно кажано, вистинско лудило меѓу милиони луѓе. Градови полни со навивачи, хаос, славење… Сето ова не е нималку невообичаено за луѓето таму, за кои фудбалот е многу важна работа.
Згора на тоа, луѓето понекогаш одат толку далеку што избираат девојки за своите миленици! Имено, на интернет се појави петиција со дури 20.000 потписници во која се бара напаѓачот на „гаучосите“, Џулијан Алварез да раскине со својата девојка!
Причината за ова е што избраничката на играчот на Манчестер Сити, Емилија Фереро, не сакала да им дозволи на деца да добијат автограм од нејзиното момче, туку само им дозволила да се сликаат со него на една голема, групна фотографија.
Иако можеби не е фер што таа го направила тоа, потегот на Аргентинците можеби е премногу, нели?