Одот на историјата можел да биде и поинаков

Со истражувањата архивски документи околу работата за претстојната книга за Евреите-мафијаши во 30-тите години на минатиот век, израелскиот историчар Роберт Рокауеј откри историскат сензација. Тој нашол документи кои сведочат дека текот на историјата можел да биде и поинаков, ако убиец од групата “Корпорација на убијците”, ангажирана од еврејската мафија беше успеал да го изврши договорот и да го убие Хитлер. Познат е дури и износот за кој бил оценет животот на фирерот – еврејската мафија била подготвена да плати 2500 долари (значителна сума во тоа време). Иако во 1933 година Хитлер штотуку дојде на власт и идните настани се уште само во проекција, многумина веќе биле свесни каква личност ќе управува со Германија. Тогаш и била преземе чекори да се најде некој кој би можел да го убие Хитлер. Но планот пропаднал откако за него дознал директорот на ФБИ Едвард Хувер, пишува НТВ.Ru. Американските власти не можеле да им дозволат на своите граѓани да подготват убиство на лидер на друга земја и благодарение на тоа Адолф Хитлер останал жив.