„Хитлер оди во рајот или пеколот“: Игра што предизвика бура, Гугл и Епл се повикани да реагираат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
358 прегледи

Играта за мобилни телефони, која им овозможува на корисниците да „судат“ познати историски фигури, предизвика реакција кај еврејските групи во Австралија, особено поради фактот што содржи лик на Адолф Хитлер, пишува „Дејли мејл Австралија“.

Како што е наведено, апликацијата што се нарекува „Судниот ден: Божји ангел. Рај или пекол? “, веќе е симната повеќе од милион пати на Гугл и Епл.

На корисниците на играта им е дозволено да одлучуваат за судбината на разни историски личности, избирајќи дали ќе ги испратат во рајот или пеколот, врз основа на она што го правеле во текот на животот.

Еден од ликовите на кои им се суди не е никој друг, туку водачот на нацистичка Германија и диктатор Адолф Хитлер, кој е прикажан во играта како стои пред ќелијата полна со затвореници и ги информира корисниците дека „собрал и убил милиони луѓе во концентрационен логор “.

Во друга сцена, Хитлер е прикажан „како се вози на тенк“, додека во друга сцена е виден како држи бебе со сини очи и коса, со натпис кој ги означува неговите напори да формира „ариевска раса“.

Претседателот на Комисијата за борба против клеветата, Двир Абрамович, вели дека „оваа игра докажа дека достигнавме страшен минимум и дека злоупотребата на холокаустот не може да биде повулгарна“.

„Нема ништо смешно и забавно во чудовиште како Хитлер, одговорен за истребување на шест милиони Евреи, вклучително и 1,5 милиони деца“, рече тој.

Абрамович исто така ги повика компаниите Гугл и Епл „веднаш да ја повлечат понижувачката игра од нивната платформа и да се извинат“, нагласувајќи дека воопшто не ја разбираат причината поради која играта е одобрена.

Слични содржини