Актерот Хју Џекмен ја потврди трагичната вест што му се случи на него и на неговото семејство на социјалните мрежи.
„Во раните утрински часови, си замина мојот татко, на „Денот на татковците“. Тагата е немерлива, но јас сум исполнет со благодарност и убов. Татко ми беше извонреден. Тој го посвети својот живот на семејството, работата и верата. Сега се молам да биде во мир со Бога“, напиша Хју.
View this post on Instagram
„Денот на таткото“ во Австралија се слави во првата недела од септември.
„Дејли Мејл“ пишува дека Кристофер ги израснал Хју и неговите двајца браќа, Јан и Ралф.
Сопругата на Кристофер, Грејс, ги напуштила него и неговите синови кога Хју имал осум години.
Таа заминала од Австралија за нејзината родна Англија и го оставила својот сопруг сам да се грижи за децата.
„Беше тешко, мислев дека ќе се врати, но потоа се некако се одолговлече“, изјави Хју еднаш за странските медиуми за неговата мајка, додавајќи дека ја гледал еднаш годишно откако таа заминала и дека неговиот татко станал негова најголема поддршка.
Следбениците на актерот изразија сочувство во коментарите на социјалните мрежи.