Холивудската ѕвезда Хју Џекмен (56) планира да се ожени со својата девојка, актерката Сатон Фостер, веднаш штом и официјално биде финализиран неговиот развод со првата сопруга Дебора-Ли Фурнес.
Двојката го направи своето прво јавно појавување заедно минатиот месец, две години откако тој објави на светот дека неговиот брак со Дебора-Ли завршил по 27 години.
Извор близок до актерот откри дека ѕвездата на Вулверин веќе прави планови за иднината со Сатон, а тоа вклучува и брак.
„Хју ги помина празниците во Австралија и тогаш сфати колку многу му недостига Сатон. Магијата се врати кога се обединија и јасно е дека бракот е следен. Хју сака Сатон да му стане сопруга“, открил извор за „Дејли Меил“.
Сепак, венчавката ќе мора да почека малку, барем додека не се финализира разводот од Дебора-Ли. Како што е веќе откриено, Џекмен и неговата се уште официјално сопруга не поднеле барање за развод од едноставна причина – не можат да се договорат за поделба на имотот.
Бидејќи пред 27 години, кога се венчаа, веруваа дека нивната љубов ќе трае вечно, но немаше индикации дека Џекмен ќе стане светска ѕвезда и ќе заработи милиони, не потпишаа ниту предбрачен договор, па сега треба да го поделат своето богатство проценето на 250 милиони долари, од кое Дебора-Ли нема намера да се откаже.