Хју Џекмен шокиран од изјавата на поранешната сопруга за „предавство“: Таа го прекршила договорот

од Vladimir Zorba
30 прегледи

По речиси три децении брак и осум месеци откако објавиле дека се разделиле, Дебора-Ли Фернес одлучила јавно да проговори за својот болен развод од актерот Хју Џекмен, и со тоа, наводно го прекршила договорот што го имала со својот поранешен сопруг.

Во изјава објавена на 27 мај, неколку дена откако официјално поднесе барање за развод, 69-годишната актерка откри дека доживеала „трауматско патување на предавство“, кое наводно целосно го изненадило и разочарало Џекмен.

Според британскиот „Дејли меил“, извор близок до актерот тврди дека Хју Џекмен бил изненаден од зборовите на неговата поранешна сопруга, која го прекршила договорот што го склучиле по разделбата.

„Постоеше разбирање дека нема да се оцрнуваат еден со друг во медиумите“, рекол изворот, додавајќи дека Џекмен верува дека сега не може ништо да промени.

Да потсетиме дека Џекмен (56) и Фернес се запознаа во 1995 година на снимањето на австралиска телевизиска серија, а се венчаа следната година.