„Хјундаи“ и „Киа“ повлекуваат близу 1,5 милиони автомобили поради оштетување на моторот

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Јужнокорејските автомобилски производители “Хјундаи” и “Киа” планираат повлекување на близу 1,5 милиони свои автомобили од САД, Канада и Јужна Кореја поради оштетувања во моторите, кои “може да предизвикаат катастрофа”. Според аналитичар на “Хај Инвестмент и секјуритис”, нивните загуби можат да надминат вкупно 220 милиони долари. Се очекува, сепак отповикувањето да ги чини двете компании не само стотици милиони долари, но и долгорочна штета на имиџот.

Особено со оглед на фактот дека ова е трета по ред година, во која се наметнува “Хјундаи” или “Киа” да повлечат од пазарот свои автомобили поради техничка неисправност.

Меѓу засегнатите модели се вклучени “Соната” и “Санта Фе” на “Хјундаи Моторс” и “Оптима”, “Соренто” и “Спортиџ” на “Киа”.