На полиците на познатиот ланец на облека H&M се најде шал, кој предизвика лавина на критики бидејќи потсетува на талит-шал кој ортодоксните Евреи го носат околу врат за време на молитва.

Повредените корисници на Твотер јавно го споделија својот бес. Еден од многуте коментари гласи: “H&M продава шал кој е сличен на талит, зошто да бидеш Евреин е тренд оваа сезона“, напишала една девојка.
Во H&M брзо реагираа на обвинувањата, извинувајќи се и наведувајќи дека не сакале да повредат ничии верски чувства.
„Линиите се еден од трендовите оваа сезона и бевме инспирирани исклучиво од тоа. Не ни беше намерата некого да изнервираме. Производот е повлечен од дуќаните.“, велат од компанијата.
Ова не е прв пат H&M да се најдат на мета на критики. Во пролетта 2014 година од продажба исто така беше повлечен прслук на кој беше прикажана Давидовата звезда во која се наоѓа мртвачка глава.