Директорот на HMD Global Флориан Зајхе разговараше со CNet по презентацијата на новите Nokia-брендирани уреди. Тој најави дека најголемата амбиција на HMD Global е во наредните 3 до 5 години да стигнат до Топ 5 меѓу мобилните телефони. Во моментов, Nokia е меѓу првите 5 најдобро продавани брендови на 15 различни пазари, но се уште има долг пат за поминување.
Зајхе е свесен дека конкурентите не се само Samsung и Apple, туку и кинеските гиганти, како што е Huawei, кои ги преземаат пазарите. Тој е на мислење дека ова е битка меѓу Давид против неколку Голијати.
Затоа стратегијата на HMD Global ќе биде да се фокусираат на региони каде што е остварен пробив во текот на изминатата година. Ова се Европа, Индија, Индонезија и Русија, со многу пошироко портфолио на уреди достапни на овие пазари.
Ова е токму затоа што Nokia нема присуство во САД и нема планови за такво присуство во блиска иднина.