Хоџај: Владата да го расчисти прашањето за повлекувањата на признавањето на Косово, Србија напаѓа од сите страни

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, смета дека Владата мора да одговори дали се точни тврдењата дека некои земји го повлекле признавањето на независноста и додаде дека Косово оди од неуспех во неуспех поради лошата политика.

Во објава на Фејсбук, Хоџај наведува дека лошата политика на актуелната власт придонесе Косово две години да не добие ново признавање на независноста.

„Лошите изјави, заканите и грешките и стерилната надворешна политика покажуваат дека Косово се движи од неуспех во неуспех! Две години Косово не доби никакво признавање! Напротив, Србија го напаѓа Косово од сите страни. Од нападот на внатрешниот суверенитет на север, сега имаме борба против надворешниот суверенитет со список на повлечени признавања на Косово“, рече Хоџај.

Хоџај додаде дека додека бил министер, Косово го признале 115 земји.

„Владата денеска мора да расчисти дали се точни тврдењата дека некои признавања се повлечени. Витален интерес на Косово е да покаже дали овие тврдења се вистинити и дали претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи сносат одговорност за овој неуспех“, рече Хоџај.

Слични содржини