Хоакин се штити од коронавирусот: Точи гориво со ракавици и ги дезинфицира рацете

360 прегледи

Оскаровецот Хоакин Феникс заедно со својата свршеница Руни Мара во неделата беа фотографирани на бензиска станица во Лос Анџелес. Актерот, се чини дека внимава на себе и е одговорен согласно препораките за заштита, па веднаш откако излезе од автомобилот ставил заштитни ракавици.

Кога завршил со точењето гориво, си соблекол ракавиците, а свршеницата веднаш му додала гел за дезинфекција.

Феникс и Руни се запознале во 2013 година на снимањето на филмот Her. За прв пат на црвениот тепих се појавија заедно во 2017 година и тоа на филмскиот фестивал во Кан.

Слични содржини