Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) го оствари првиот состанок во рамки на традиционалните состаноци во пресрет на локалните избори, каде ја презентираат платформата за локален економски развој.
На овој состанок, претеседателот на СКСЗМ Неби Хоџа ги дочека претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши кои беа придружувани од кандидатите од нивните редови за градоначалници.
Од страна на преставниците на СКСЗМ, беа претставени над 60 мерки од платформата, конкретни предлози и идеи кои локалната власт во наредните 4 години ќе треба да ги реализира со цел постигнување на раст на економијата и локалните бизниси, на тој начин придонесувајќи позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, самоодржливоста на институциите односно општините, а истовремено помагајќи го процесот на децентрализација.
Без оглед на ситуациите и околностите, СКСЗМ продолжува да ги бара правата на бизнис заедницата, подобрување на условите за водење бизнис, имајќи предвид дека бизнисот претставува економски столб за општеството и нашата земја, посочија оттаму.