Во рамки на денешната прес конференција, портпаролот на Владата Муамет Хоџа, ги посочи делот одлуки кои Владата ги усвои на вчерашна седница. Главната одлука е онаа врзана за планот на вакцинацијата, која како што најави, Хоџа, ќе се одвива во три фази.
„Усвоен е планот за вакцинација против Ковид 19. Истата ќе се одвива во три фази, а сето тоа ќе се конкретизира со пристигнувањето на вакцините во С.Македонија. Во рамки на фазите, предност ќе им се даде на најранливите, односно оние кои имаат најголем ризик“, истакна Хоџа.
На новинарско прашање, кога конкретно ќе започне вакцинацијата и зошто се уште немаме пристигнати вакцини во земјава, Хоџа посочува:
„Во текот на денешниот ден, МЗ ќе контактира за усвоениот план. Во месец февруари ги чекаме вакцините од Фајзер, по што ќе започне вакцинацијата“.