Хоџиќ: Слаба е излезноста на овие избори, особено кај етничките Македонци

Во оваа година дена, реториката на ВЛЕН е комплетно излезена од приказната за европска иднина на државата, посочи Хоџиќ за „Локално“

од Бисера Трајковска
57 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Телма

Постојат повеќе феномени на овие локални избори, а една од нив е и слабата излезност, посебно кај етничките Македонци, вели за „Локално“ претседателот на СДА Мекедонија, Џелал Хоџиќ.

Тој додава дека изборите се случуваат во чуден општествен контекст, во контекст каде што и се одзема на Македонија патот кон ЕУ и европската иднина. 

-Овие избори се навистина чудни и се случуваат во чуден општествен контекст, во контекст каде што и се одзема на Македонија патот кон ЕУ и европската иднина. Очигледно дека коалицијатата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ функционира и очигледно дека за сега дава резултати, додаде Хоџиќ.

Појасни дека не би било чудно гласачи на ВЛЕН во Кичево да гласаат за својот коалициски партнер од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека е запрепастувачко што во оваа година дена, реториката на ВЛЕН е комплетно излезена од приказната за европска иднина на државата.

Б.Т.