Ходорковски ја критикуваше Европа: Нафтените санкции нанесуваат повеќе штета на ЕУ отколку на Русија

од Nikola Popovski
147 прегледи

Михаил Ходорковски, првиот човек на поранешниот руски нафтен гигант, компанијата Јукос, кој е против режимот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека нафтените санкции кон Русија и нанесуваат повеќе штета на ЕУ отколку на земјата за која се наменети.

Поранешниот најбогат човек во Русија истакна дека ЕУ или требало да обезбеди алтернативни набавки пред да го воведе ембаргото или да размисли за сосема поинаков пристап, како што е воведување тарифи за рускиот енергенс, а не воведување целосна забрана, и дека „Европа можеше да купи повеќе оружје за Украина“, пишува европскиот портал Политико.

„Во моментов енергетските санкции ѝ штетат на Европа, а не на Русија. Тоа беше и останува мое гледиште. Што по ѓаволите правите?“, рекол Ходорковски во Брисел на дводневните состаноци со претставници на ЕУ и други, организирани од истражувачкиот центар ГЛОБСЕК со седиште во Братислава.

Ходорковски помина 10 години во затвор под обвинение за затајување данок, а потоа водеше кампања за промовирање на демократијата и човековите права во Русија преку неговата организација Отворена Русија, пишува Политико.

Слични содржини