Ходорковски: Путин е голиот цар на кој земјата му тоне во пропаст

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Поранешниот руски тајкун Михаил Ходорковски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е “гол цар” на чело на економија која ќе слабее се повеќе и тоа ќе предизвика судир меѓу ривалски кланови во Москва, пренесе Ројтерс.

хофдоровски

“Путин со голи гради не е моќен лидер тој е голиот цар “, рече Ходорковски пред публика во Лондон. Тој го повика Западот да изгради врски со руските опозициски групи пред да дојде крај на ерата на Путин. “Утре, кога режимот ќе се смени, ќе треба да градат односи и ќе имате многу малку време. Знам што зборувам, бидејќи јас бев сведок на две револуции во Русија “, додаде тој.Михаил Ходорковски – некогашниот најбогат човек во Русија, кој ја контролираше најголемата руска нафтена компанија, о беше уапсен во 2003 година по конфликт со Путин и беше ослободен од затвор во 2013 година