Хокинг: Човештвото има помалку од 200 години за да ја напушти земјата

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Астрофизичарот Стивен Хокинг смета дека ако човештвото сака да преживее во долгорочна перспектива, треба да најде начин да ја напушти планетата Земја. Во интервју за Биг Тинк, Хокинг вели дека луѓето имаат помалку од 200 години, за да ја напуштат планетава, инаку нашиот вид може да исчезне.STEPHEN-HAWKING_2674432b
Хокинг се премисли во последните неколку месеци. Претходно сметаше дека во наредните 1.000 години неизбежно ќе има техногена несреќа, а сега е на мислење дека тоа е многу веројатно да се случи во наредните 200 години. Хокинг смета дека се можни пред сè два типа тотални несреќи. Првиот тип може да настапи од човековата активност – при користење на нуклеарно и / или биолошко оружје и кардинална промена на климата од човечкиот фактор. Животот на Земјата лесно може да биде „избришан“ од астероид или од гама-зраците на супернова, која ќе експлодира некаде во Млечниот пат.
На прашањето, кои човечки квалитети би сакал да ги промени, Хокинг вели дека на прво место ја става агресијата, која им давала предност на пештерските луѓе, а сега може да ги уништи сите.