225
Во Холандија бројот на заразени од гонореја во 2023 година се зголемил за 31 отсто, а регистрирани се 13.853 случаи на болеста, додека бројот на заразени жени е зголемен за 78 отсто, објави Холандскиот институт за јавно здравје (РИВМ).
Во соопштението се наведува дека бројот на заболени од гонореја во Холандија во 2022 година е зголемен за 33 отсто во однос на 2021 година, што покажува дека бројот на заболени рапидно расте, објави холандскиот јавен сервис НОС.
Се посочува дека е особено голем пораст на бројот на заболени од гонореја кај жените, односно бројот на заболени жени е зголемен од 1.468 во 2022 година на 2.598 во 2023 година.