Холандија е првата западноевропска земја која повторно воведува рестриктивни мерки

од Milan1
306 прегледи

Холандија ќе биде првата западноевропска земја што ќе воведе делумно заклучување од летото, а рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објави денеска холандскиот јавен сервис НОС.

Кафулињата, рестораните и продавниците за непрехранбени производи ќе мора да затвораат до 19 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре, соопшти ИСО, цитирајќи владини извори.

Луѓето ќе бидат повикани да работат од дома колку што можат, а публиката нема да може да присуствува на спортски настани во наредните недели, додаде Ројтерс.

Привремената влада на Марко Руте до вечерва ќе донесе одлука за новите мерки и ќе ја соопшти на прес-конференција закажана за 19.00 часот.

Бројот на заразени со корона со вирусот рапидно се зголеми по укинувањето на социјалната дистанца на крајот на септември, па во четвртокот за 24 часа беше постигнат рекорден број заболени, а тој изнесуваше околу 16.300.

Во Холандија, околу 85 отсто од полнолетните граѓани се ревакцинирани, а бустер дозите досега се одобрени само за мала група на луѓе – лица со намален имунитет и лица постари од 80 години.

Минатиот месец, околу 55 отсто од пациентите во холандските болници и околу 70 отсто на интензивна нега биле невакцинирани или делумно вакцинирани, покажуваат податоците на Холандскиот институт за здравје.

Слични содржини