242
Холандската влада ќе издаде наредба до компаниите да не го плаќаат рускиот гас во рубљи, што го предложи Москва, бидејќи со тоа би биле прекршени санкциите на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Министерството за економски прашања.
Портпаролот рече дека Холандија го усвоила тој став по вчерашната одлука на Европската комисија и дека за тоа ги известува енергетските компании.
„Она што се смени е дека ЕК вчера заклучи дека плаќањето во рубљи би било кршење на санкциите, како и отворање сметка во Газпромбанк“, додаде портпаролот, пренесува Ројтерс.