169
Околу 30 лица беа уапсени во Амстердам кога полицијата го прекина протестот одржан против мерките за „заклучување“ поради коронавирусот.
Полицијата соопшти дека испратиле дома околу 600 лица кои не ги почитувале правилата за социјално дистанцирање и кои ја игнорирале забраната за одржување јавни митинзи и се собрале во центарот на Амстердам попладнево.
Засега нема извештаи за насилни инциденти, објави Ројтерс.
Воведувањето на полициски час, покрај веќе постојните ограничувачки мерки, започнаа со насилни демонстрации минатата недела.
Продавниците во неколку градови беа ограбени во немирите и 500 лица беа уапсени.