Холандија: Од 25 септември задолжителни се ковид-сертификатите

од Nikola Popovski
251 прегледи

Холандија ќе воведе ковид-сертификати за влез во ресторани, кафулиња, хотели, театри и кина од 25 септември, објави холандскиот информативен канал НОС, повикувајќи се на владини извори.

Меѓутоа, правилото за задолжително растојание од 1,5 метри ќе биде укинато, пренесува „EUobserver“.

Заштитните маски остануваат задолжителни во јавниот превоз.

Работното време на кафе-баровите и ноќните клубови останува до полноќ.

Фудбалските стадиони можат да бидат исполнети со целосен капацитет, под услов посетителите да покажат „ковид-пропусница“.

Слични содржини