Холандија отвора универзитети, но ноќните клубови остануваат затворени

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Холандија ќе дозволи повторно отворање на универзитети и колеџи, но клубовите, ноќните клубови и дискотеките ќе останат затворени како дел од мерките насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот, рече во петокот премиерот Марк Руте.

По година и пол онлајн часови, учениците ќе можат повторно физички да одат на училиште и да имаат часови во живо.

Руте посочи дека владата не сака да ризикува друг бран на инфекции како оној на почетокот на јули.

„Мораме да останеме внимателни“, рече тој.

Клубовите и дискотеките се отворија на крајот на јуни, но потоа бројот на новозаразени лица се зголеми многу брзо.

Во последниве недели, ситуацијата значително се подобри, но седумдневната стапка на инциденца на ковид-19 на 100.000 луѓе е се уште 105.

Следниот чекор кон нормален начин на живот не се очекува до 20 септември.

Доколку бројот на новозаразени и бројот на пациенти во болница остане мал, обврската за носење маски во јавниот превоз може да се укине.

Владата верува дека сите преземени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот би можеле да бидат укинати на почетокот на ноември.

Слични содржини