Холандската влада денеска соопшти дека минатата сабота повторно ја отворила својата амбасада во украинскиот град Лавов со мал број вработени.
„Со враќањето во Лавов во западна Украина, и со помал број вработени, амбасадата ќе добие добра слика за безбедносната ситуација таму“, соопшти холандското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
Се наведува и дека доколку ситуацијата се оцени како доволно безбедна, амбасадата ќе се врати во главниот град на Украина Киев.