Холандија повторно во локдаун, демонстранти се судрија со полицијата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
712 прегледи

Демонстрантите кои протестираа против воведувањето на локдаун во Холандија се судрија со полицијата во Хаг.

Холандија поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, воведува делумен локдаун. Премиерот Марк Руте најави тринеделни ограничувања за продавниците, спортските настани и испораката на храна.

Мерките почнуваат во сабота навечер и подразбираат дека баровите, рестораните и продавниците ќе затворат во 20 часот. Професионалните спортски натпревари ќе се играат пред празни трибини, а се советува секој што може да може да работи од дома.

https://www.youtube.com/watch?v=rKNTP1dyLpg&ab_channel=Ruptly

Продавниците кои продаваат производи кои не се од суштинско значење, ќе затворат во 18 часот.

Група луѓе се собраа во Хаг пред зградата на Владата додека Руте ги најавуваше мерките и се судрија со полицијата. Неколку демонстранти се приведени, јавува Ројтерс.

https://www.youtube.com/watch?v=fv1CGNwqfgk&ab_channel=Ruptly

Слични содржини