Холандија привремено ја прекина вакцинацијата со „АстраЗенека“

од Берта Китинска
264 прегледи

Холандија денес објави дека привремено ја прекинала употребата на вакцините на АстраЗенека против коровирусот  до 7 април.

Министерството за здравство вчера соопшти дека вакцинацијата на лица на возраст до 60 години е привремено прекината, но по консултациите со здравствената служба, тие денес одлучија да ја прекинат вакцинацијата на сите со таа вакцина, пренесува Хина

Околу 700 лица постари од 60 години требаше да ја примат вакцината АстраЗенека во следните денови, но нивната вакцинација исто така беше привремено откажана.

По вакцинацијата, имаше пет случаи на згрутчување на крвта, кај жени на возраст од 25 до 65 години. Едно лице почина.

Во тек се истраги за да се утврди дали случаите биле предизвикани од вакцинација, соопштија властите.

Досега околу 400 000 луѓе во Холандија се вакцинирани со вакцината АстраЗенека.