Холандската влада денеска прогласи недостиг на вода, што е резултат на невообичаеното суво лето, додека временските прогнози не предвидуваат дожд за следните две недели, пренесува Ројтерс.
„Веќе неколку недели видовме дека Холандија станува посува поради испарувањето и многу ниските нивоа на реките од странство“, рече Мишел Блом од државната агенција за јавни работи и вода, назначена да ја надгледува работната група за суша.
Британската агенција потсетува дека „силните топлотни бранови зафатија големи делови од Европа и САД минатиот месец“, поттикнувајќи повици за повеќе напори за борба против глобалното затоплување, кое според научниците го прави екстремното топло време почесто и смртоносно.
Со оглед на тоа што две третини од холандското население живее под нивото на морето, сушите во земјата можат брзо да станат акутен проблем, предизвикувајќи тиња во реките и отежнувајќи ја пловидбата со реките.
Друг проблем е пресушувањето на браните, а во оваа област, бродовите на долниот дел на Рајна, важна рута за транспорт на јаглен од Ротердам до германските челичарници, се транспортираат со помалку од половина од нивниот капацитет.
Холандското Министерство за инфраструктура и транспорт соопшти дека од вторникот, водата тече низ Рајна со брзина од 850 кубни метри во секунда во Лобит, источниот град каде што влегува во Холандија, што е „исклучително ниско за овој период од годината .
Нивото на подземните води е „ниско „и многу ниско“ на југ, додаваат од министерството и укажуваат дека тоа предизвикува цветање на алги и угинување на риби, но таквата состојба се уште не влијае на водата за пиење.
Водоводните компании повикаа на заштеда на водата, па во јужните региони Зеланд и Лимбург апелираат до жителите да не користат вода за полевање, што, според Ројтерс, секако ќе им наштети на земјоделците.