497
Холандија е сериозно погодена од поплави, а илјадници луѓе на југот на земјата се повикуваат да ги напуштат своите домови.
На луѓето во градовите и селата покрај реката Меза во провинцијата Лимбург им беше кажано да побараат засолниште најрано до петок попладне, пренесува Би-Би-Си.
Холандскиот премиер Марк Руте и неговиот кабинет одржаа вонреден состанок за оваа ситуација, а поплавите во Јужен Лимбург беа прогласени за катастрофа, пренесува „НЛ Тајмс“.
Руте ќе посети одредени области во провинцијата Лимбург подоцна денес, но тој нема да ги посети најсериозно погодените области, откако упати повик другите да се држат настрана од нив.