Холандската полиција спречи напад врз центарот за вакцинација на коронавирус во градот Дан Хелдер, при што уапси 37-годишен маж под сомнение дека планирал терористички напад. Мажот наводно имал намера да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација.
Уапсениот планирал да го нападне поранешното градско собрание во северното пристаниште Ден Хелдер, 90 километри северно од Амстердам, кое се користи како центар за вакцинација.
Човекот, чиј идентитет не беше откриен во согласност со холандските прописи за приватност, беше уапсен на 18 март, но обвинителите објавија детали за случајот дури во четвртокот, на 8 април.
Обвинителите рекоа дека наводниот заговор бил третиран како терористички акт затоа што „имал за цел да предизвика сериозен страв кај населението и да ги наруши економските и социјалните структури на земјата“.
Осомничениот „се обидел да го саботира клучниот владин процес, национално координирана програма за вакцинирање, на крајно насилен начин“, се вели во соопштението на обвинителството. „Ова влијае и на јавното здравје: Колку помалку луѓе можат да се вакцинираат, толку повеќе жртви ќе земе вирусот“, се додава во извештајот.
Осомничениот е во притвор уште од апсењето, бидејќи истрагата за потенцијалните соучесници продолжува, соопштија обвинителите.