Холандија во борба со корона: Бројот на починати ист како во Втората светска војна

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Околу 162.000 смртни случаи се потврдени во Холандија од почетокот на оваа година до минатата недела, што е за 13.000 повеќе од просекот, а такво зголемување на стапката на смртност не е забележано од Втората светска војна, објави Националното биро за статистика.

За време на првиот бран на пандемијата, помеѓу почетокот на март и почетокот на мај, починаа 9.000 луѓе повеќе од просекот, а од почетокот на вториот бран од средината на септември, над 6.000 повеќе.

Бројот на смртни случаи во другите недели е помал од вообичаеното, според Националното биро за статистика.

Според најновите податоци, 770.400 случаи на коронавирус се потврдени во Холандија од почетокот на пандемијата, а повеќе од 11.000 пациенти починале како резултат на болеста предизвикана од неа.

Вистинскиот број на заразени и мртви е веројатно поголем од официјалниот, поради недостаток на тестови во текот на првите месеци од пандемијата, кога биле тестирани само пациенти кои биле сериозно болни.

Слични содржини