ХОЛАНДИЈА ВОВЕДУВА СТРОГИ МЕРКИ: Сѐ се затвора во 17 часот!

од Nikola Popovski
329 прегледи

Холандскиот премиер Марк Руте денеска најави дека ќе се заострат рестриктивните мерки против коронавирусот, кои, меѓу другото, вклучуваат затворање на баровите, рестораните и продавниците во 17 часот.

„Од недела, во Холандија во принцип сè ќе биде затворено меѓу 17:00 и 05:00 часот, освен продавниците со неопходните производи“, рече Руте на прес-конференција во Хаг, каде се собраа неколку десетици демонстранти.

Училиштата ќе останат отворени и покрај тоа што има најголем број новозаразени деца.

„Треба да се биде реален, бројките постојано растат на дневна основа“, рече Руте.

Холандските власти денеска регистрираа 21.350 нови инфекции, нешто под просекот од 22.258 во последните седум дена.

Болниците ги откажуваат закажаните операции за ослободување на креветите, додека бројот на случаи достигнува рекордни бројки и покрај веќе воведените ограничувања и фактот дека околу 85 отсто од возрасната популација е вакцинирана.

Фото: Profimedia

Слични содржини