Холандија забранува огномет и петарди

од Milan1
11 прегледи

Горниот дом на холандскиот парламент, Сенатот, денес гласаше за забрана на употреба на огномет и петарди, што треба да стапи на сила на преминот од 2026 во 2027 година, а нивната употреба сепак ќе биде дозволена за време на следната новогодишна ноќ, јавуваат холандските медиуми.

За да стапи на сила законот за забрана, државниот секретар за инфраструктура и управување со води, Тиери Артсен, треба да издаде општа административна уредба, објави „NL Times“.

Тој, исто така, треба да ги утврди условите што мора да се исполнат за да може да се активира огномет на собир.

Забраната за употреба на огномет е долго време дискутирана во Долниот дом на парламентот, а беше усвоена откако одлуката беше поддржана од централно-десничарската партија Нов општествен договор (НСК) и Народната партија за слобода и демократија (ВВД).

Законот го предложија членови на Зелената левица и Партијата за заштита на правата на животните.

Итните медицински служби и локалните власти веќе некое време бараат ваков вид мерка, а поради последиците од употребата на огномет, полицијата, пожарникарите и медицинските служби редовно имаат многу работа, објави холандскиот портал.

Слични содржини