251
Товарниот брод, кој гори од минатиот вторник и превезуваше речиси 4.000 автомобили, е одвлечен на нова локација подалеку од бродските патеки во близина на холандскиот брег, соопштија денеска холандското министерство за јавни работи и водостопанство и локалните медиуми.
Товарниот брод, кој патувал од Германија за Египет, бил одвлечен на локација северно од холандските острови Амеланд и Ширмониког, соопшти министерството.
Портпаролката на министерството за холандската агенција АНП изјавила дека бродот на новата привремена локација е подалеку од бродските линии и е позаштитен од ветрот.