Холандската полиција жртва на масовен хакерски напад: Украдени се имињата на сите полицајци

од Илинка Илиоска
49 прегледи

Имињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот за правда на земјата.

Дејвид ван Вел, министерот за правда и безбедност во Холандија, попладнево во писмо до Претставничкиот дом на Холандија рече дека вчера бил информиран од началникот на полицијата дека „податоци поврзани со работата“ на сите полицајци во Холандија биле украдени во хакерски напад.

Сè уште не е јасно кои точно детали се украдени, но во писмото се вели дека нападот не влијаел на „приватните и на податоците од истрагите“.

Полицијата го истражува инцидентот и холандското тело за заштита на личните податоци е известено, рече Ван Вел. Тој додаде дека ќе му достави на Парламентот повеќе детали кога ќе станат достапни.

Владата проценува дали пробиените податоци можат да ги загрозат полицајците кои се на тајни задачи, изјави Ван Вел.

Слични содржини