Холандската влада во средата соопшти дека задржала 14 јахти, вклучително и 12 кои биле во изградба, поради санкциите против Русија.
Оваа информација Министерството за надворешни работи преку писмо до парламентот ја испрати за спроведување на санкциите по критиките дека Холандија заостанува зад другите европски земји по извршување и заплени.
Изградбата на јахти е значајна индустрија во Холандија, а податоците од Стопанската комора покажуваат дека големите компании Heesen, Feadship, Damen Shipyards и Oceanco заедно постигнале продажба од околу 1,5 милијарди евра во 2020 година.
Во писмото од средата се вели дека иако ниту една „суперјахта“ не била закотвена на холандска територија, вклучувајќи ги и карипските острови како што е Св. Мартена, 12 јахти во изградба за руски сопственици „во моментов не можат да бидат испорачани поради тековните извозни мерки“ и се истражуваат нивните сопственички структури.