Холандски истражувачи: Сателитите Starlink го блокираат истражувањето на вселената и го загадуваат небото

од Илинка Илиоска
67 прегледи

Според холандски истражувачи, радиобрановите емитувани од растечката сателитска мрежа Starlink на SpaceX ја блокираат способноста на научниците да гледаат во вселената. Новата генерација на сателити Starlink, кои обезбедуваат пристап до Интернет низ целиот свет, повеќе им пречи на радиотелескопите од претходната генерација.

Илјадниците сателити во орбитата го отежнуваат астрономското истражување, соопшти Холандскиот институт за радиоастрономија (ASTRON).

Сателитите Starlink обезбедуваат брз интернет ширум светот, често до најоддалечените локации, вклучувајќи ги и Украина и Јемен. Исто така, тие се користат во многу други земји и интернетот е многу побрз од просекот, но астрономите тврдат дека цената сепак е висока.

„Колку повеќе сателити со овие нивоа на емисија се лансираат, толку помалку небо гледаме. Се обидуваме да ги набљудуваме црните дупки во центрите на галаксиите, некои од најраните галаксии оддалечени милиони светлосни години, како и егзопланетите“, вели професорката Џесика Демпси, кој е и директор на ASTRON.

Пречките предизвикани од втората генерација на сателити Starlink, т.е. V2, се 32 пати посилни од сателитите од првата генерација.

Количината на емитирана радијација ги надминува границите поставени од Меѓународната телекомуникациска унија, истакна Демпси. Се проценува дека има 6.402 сателити Starlink во орбитата на височина од околу 550 километри над Земјата, што го прави дефинитивно најголемиот давател на интернет услуги. Сателитите се релативно големи и имаат триметарски рамни панели, како и 8-метарска соларна низа за напојување.

Слични содржини